Виктор Живојиновиќ повторно ужива во љубовта. Најмладиот и еден од најпосакуваните наследници на естрадата повеќе не е сам, а врската со новата девојка Александра Гашиќ ја официјализираше со романтични моменти на море.
За разлика од претходните партнерки на Виктор, Александра не е дел од јавната сцена. Таа се занимава со професионално шминкање и е многу успешна во својата работа.

Иако во почетокот се обидуваа да ја сокријат врската, Александра ги откри картите кога објави фотографии од скапата јахта на семејството Живојиновиќ.
На фотографиите се гледа како парот ужива во страстите на брановите, а клучниот детаљ кој ги потврди шпекулациите е тоа што Александра директно го означи Виктор на своите објави.

Извори блиски до парот наведуваат дека нивната романса трае веќе извесно време, а на почетокот на годината заедно го посетиле и Тајланд, каде по сè изгледа и ја започнале својата љубовна приказна.

Љубовниот живот на Виктор отсекогаш привлекувал големо внимание во медиумите.
Пред Александра, тој беше поврзуван со неколку познати дами. Виктор беше во врска со девојката Сандра Миљаковиќ, со која беше две години во врска, се шушкаше дека претходно ја сакал и Софија Шашиќ, а неодамна раскина и со водителката Софија.

Исто така се зборуваше дека бил во врска и со актерката Милица Томашевиќ, со која раскина, како што тогаш се пишуваше, поради интимните сцени кои ја следеа нејзината улога во филмот.
фото:instagram printscreen/viktorernest/_akaaa__/




