Радио Милева ех, мој Макфест...

Стојан Троицки – основачот и бивш долгодгодишен директор на штипскиот фестивал: „Доживеав да го видам Макфест на колена, руиниран без никаква концепција, врз кој онанираат разни десперадоси!“

Стојан Троицки – основачот и бивш долгодгодишен директор на штипскиот фестивал: „Доживеав да го видам Макфест на колена, руиниран без никаква концепција, врз кој онанираат разни десперадоси!“

Оние што ги прават, создаваат и одржуваат, знаат дека фестивалите не се спремаат денес за утре, туку нивната подготовка трае цела година. Со денот на завршувањето на тековниот, започнуваат размислувањата за следниот.

Како што летото полека изминува и се наближуваат првите есенски денови, така полека почнуваат и да се склопуваат коцкичките за новото фестивалско издание на „Макфест 2026“, најпознатиот и најстариот во континуитет фестивал на забавна музика во Македонија.

И додека општинската сфита огледана во актуелното раководство и уметничката фела собрана околу него „ги реди работите“ со надеж дека  ова издание ќе биде подобро од претходното, што е константна тендеција на секоја фестивалска организација,  секој добар познавач на македонската забавна музика, особено на фестивалите и „Макфест“ добро знае дека ако не беше Стојан Троицки немаше да го имаме ниту овој музички бисер.

Основачот и некогашен долгодгодишен директор на штипскиот фестивал кој со години и децении, работеше на усовршувањето на „Макфест“, на неговото поврзување со некогашна Југославија, но и со светот уште повеќе зголемувајќи ја магијата на фестивалот.

Но, Стојан Троицки веќе со години го нема на „Макфест“. Исклучен, дистанциран, изолиран, маргинализиран, речиси заборавен… Освен протоколарно, кога веројатно повеќе заради себе и страв од својот срам ако го премолчат, организаторите минатата година за јубилејот – „40 години Макфест“ го повикаа  и му доделија признание за животно дело.
Публиката го прими со аплаузи и стоечки овации, а тој не можеше да ги задржи солзите на сцената на „Макфест“.

Но, наградата колку и да значајна, повеќе е утешна, зашто горчината во душата му остана. Како што му останаа многу недоречени работи, кои одвреме- навреме знае да ги искаже по некое интервју или најчесто на социјалните мрежи како што е и овој пат.

Имено, Стојан Троицки на својот Фејсбук обзанани дек деновиве ја средувал личната фестивалска архива,  па дел од нив предал во Народната бивлиотека во Штип, за тие на некој начин трајно да се сочуваат. При тоа емоциите и мачнината што ја носи во себе го надвладеале, па не можел да не го искаже сето она што му лежи на душа, а го боли , мачи и притиска кога е денешниов Макфест во прашање.

ЕХ МОЈ МАКФЕСТ

„Деновиве средував некои архивски материјали,па дел од нив предадов во Народната бивлиотека во Штип,во Роднокрајното одделение,на некој начин трајно да се сочуваат.При тоа наидов на две ЦД изданија што сум ги издал во 2008 година,бидејќи веќе знаев дека треба полека да си одам.Првиот наслов 20 антологиски балади со поднаслов Синце за три света,а вториот Фолклорните мотиви во композициите на Макфест,со поднаслов Свирете ја зајди,зајди.

Ги преслушав со полна концентрација и по кој знае кој пат констатирав дека сме ја збогатиле и препородиле македонската забавна музика,како никогаш до сега.

Го работевме Макфест со душа и срце и станавме институција,не само кај нас,но не респектираа многу подалеку од Штип.Но,ете доживеав да го видам Макфест на колена.Руиниран без никаква концепција и како партиски приврзок врз кој онанираат разни десперадоси.

Се прашувам често пати каков злосторник сум јас.Комплетно сум екскомунициран и од немај каде одвреме навреме ме повикуваат,Сакав искрено моето знаење да го пренесам на млади луѓе, но чув некако дека не сакаат со мене зошто,,многу сумзнаел,,.дека сум остарен и дека ме згазило времето,бидејќи сега имало нови правци и струења и такви некакви глупости.

Неколку пати сугерирав од далеку,новите организатори,односно узурпатори да се осмелат да организираат тркалезна маса на тема=КАДЕ ОДИ МАКЕДОНСКАТА ЗАБАВНА МУЗИКА,бидејќи новите производи на овој веќе провинциски фестивал се дискутабилни.

Ех мој Макфест,на Стојан Барбата толку му е дарбата!“ – споделил основачот и бивш долгогодишен директор на „Макфест“!

Фото: Фејсбук/Stojan Troicki

To top