Радио Милева не останува должен

Синот на Брена „падна“ на провокација кога му кажаа да се избричи под пазуви

Синот на Брена „падна“ на провокација кога му кажаа да се избричи под пазуви

Виктор Живојиновиќ, синот на пејачката Лепа Брена и поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, моментално ужива на летување, а со една духовита преписка на социјалните мрежи во врска со својот изглед привлече големо внимание кај јавноста и кај своите следбеници.

Виктор ги поминува деновите од одморот на море во друштво на своето семејство, од каде што редовно споделува фотографии и снимки од возење со чамец и опуштање, како што обично и бива кога некаде патува.

На една од објавите која привлече посебно внимание, Виктор позираше без маица и не остана имун на критиката. Сепак, покрај пофалбите на сметка на атмосферата од одморот, вниманието го привлекоа и поединечни коментари под објавите на Виктор.

Еден од следбениците му упати провокација, сугерирајќи му дека би требало да ги избричи пазувите. Наследникот на Брена не му остана должен, па брзо и остро возврати, алудирајќи на автомобилот кој тој корисник го имал на својата профилна фотографија.

„Кога ќе ја купиш таа Карера што ја држиш на профилната фотографија, јас ќе се избричам“, гласеше неговиот коментар, кој насмеа многумина.

фото:instagram printscreen/viktorernest

To top