Радио Милева Брачна симфонија на страста

Тајзи и неговата тазе сопруга Ангела споделија возбудливи свадбени фотографии: Кога невестата ќе го јавне пијанистот!

Тајзи и неговата тазе сопруга Ангела споделија возбудливи свадбени фотографии: Кога невестата ќе го јавне пијанистот!

Македонскиот рапер, кумановецот Драган Величковски, во естрадниот свет попознат како Тајзи само неколку месеци по романтичното запросување на својата сакана, откри дека тој и неговата свршеница Ангела Анчевска наскоро ќе се остварат во најубавата животна улога – ќе станат родители!

Од оваа обзнана не поминаа ниту месец дена, а викендов, на Петровден (12 јули 2026) Драган Величковски Тајзи и Ангела Анчевска правеа свадба.

На неа освен семејствата, најблиските и роднините, гости беа и мноштво колеги на младите. Свадбата како свадба, имаше она што мора и прв танц на младите и ора и зурли и тапани, ама и  хор на (т)рапери…

Младоженецот елегантен, невестата слатка ко’ бонбона, а меѓу познатите естрадни фаци, колеги на Тајзи, во еден момент заедно со него запејаа и Слаткар, Пајак, 2Бона… Па иако можеби е надвор од вообичаениот ред, во еден момент свадбената веселба ќе  заличи на мини концерт.

Но, она што е повозбудлива работа е свадбената фотосеија која новопечената брачна двојка ја објавила по свадбата.

Црно – бела свадбена фото рапсодија во која младиот брачен пар е сплотен како во најхармонична мелодија.

А од неа, покрај љубовта што зрачи од фото-естетиката на моменти извира еротиката.

Неколку фотографии на младите во љубовен занес, на кои позираат како да се во „љубовна предигра“ за првата брачна ноќ!

Увертира за вовед во главниот чин на свадбен начин, во кој возбудата кулминира начисто, кога невестата ќе го јавне пијанистот!

Тогаш дирките на клавирот запираат, ама прстите и натасами мрдаат, почнувајќи за кратко да свират нешто многу послатко… Брачната симфонија на страста!

Фото: Инстаграм/tyzee_tajzi and angela.anchevska

 

 

 

 

To top