Радио Милева скриена порака

Анастасија Ражнатовиќ се огласи со моќни зборови, сите се прашуваат кому ги упати – „Не поправај будала…“

Анастасија Ражнатовиќ се огласи со моќни зборови, сите се прашуваат кому ги упати – „Не поправај будала…“

Анастасија Ражнатовиќ привлече големо внимание со својата објава на социјалните мрежи, која покрена бројни коментари.

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ сподели цитат кој многумина го протолкуваа како скриена порака.Таа привлече внимание кај своите следбеници со најновата објава на Инстаграм, каде што сподели мисла што наведува кон размислување. Поради пораката за човечките особини, веднаш започнаа шпекулациите дали истата е наменета за некого или станува збор за животна лекција која сакала да ја сподели со јавноста.

„Не поправај будала, зашто ќе те замрази. Поправи мудар човек, и тој ќе те цени“, гласи цитатот во објавата на Анастасија.

Следбениците се запрашаа дали зад овие зборови се крие конкретна порака или Анастасија едноставно сакала да ја сподели мислата што и се допаднала.

Да потсетиме, Анастасија веќе извесно време живее во Шпанија со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, каде што се пресели по нивната венчавка. Во едно од нејзините претходни интервјуа, таа зборуваше за животот во Севиља и призна дека не и било тешко да се прилагоди на новата средина.

„Во Севиља бев принудена да зборувам на шпански, бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да научам, бидејќи имав предзнаење од теленовелите. Мајка ми најмногу ми недостига, двете сме многу поврзани. Ние сме како најдобри другарки и сè што ќе ми се случи, прво нејзе и јавувам“, изјави Анастасија за „Гранд ТВ“.

По бројните деловни обврски и интензивниот период, музичката ѕвезда Цеца Ражнатовиќ отпатува за Шпанија, каде што поминува време со својата ќерка Анастасија Гудељ и зетот Немања. Пејачката и овој пат одлучи да ги искористи слободните денови за престој кај својата наследничка.

фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija

To top