Радио Милева близу до 100-ка

Вака денес изгледа животот на легендарниот ТВ водител Оливер Млакар: Наполни 91 година и живее на село

Вака денес изгледа животот на легендарниот ТВ водител Оливер Млакар: Наполни 91 година и живее на село

Оливер Млакар беше најпопуларниот телевизиски водител на просторот на цела поранешна Југославија, а неодамна го прослави својот 91. роденден.

Гласот на несудениот професор по италијански и француски јазик го врзуваме за култните емисии како „Квискотека“, „Малите тајни на големите мајстори на кујната“, „Тркало на среќата“ и бројни други.Кога ги исполни сите услови за заминување во пензија во 2003 година, тој си замина од ХРТ.

Сепак, Оливер и понатаму продолжуваше повремено да води одредени емисии, манифестации и независни проекти. Иако е во длабока пензија, тој со години со задоволство прифаќаше ангажмани, како што беше водењето на модните ревии на Александра Дојчиновиќ.

Сепак, тој отворено истакна дека на телевизија повеќе не би се вратил дури и ако некој му понуди врвен телевизиски проект и одличен хонорар. Оливер смета дека веќе го дал својот целосен придонес за телевизијата. Тој остави неизбришлив траг во новинарството и медиумите, а бројни гледачи и колеги и денес го паметат како еден од најдобрите во својата работа.

Повеќе од шест децении љубов со сопругата Дуња Ллгендарниот ТВ-водител е во среќен брак со својата сопруга Дуња уште од далечната 1965 година, а минатата година ја прославија нивната голема 60-годишнина од бракот. Заедно ги имаат двете ќерки – Маша и Ива.

Маша е доктор по археологија и живее во Велика Британија, додека Ива е успешна претприемачка која живее и работи во Загреб. Иако воопшто не размислува за смртта, кога ќе слушне дека некој починал, особено од неговите колеги или јавни личности, тој знае добро да се пошегува на своја сметка дека тој е следен на ред.

– „Стотката ми е премногу блиску! Јас веќе целосно се фокусирав на 120 години!“ – изјави со насмевка Оливер Млакар во едно од своите претходни интервјуа.

Денес, тој живее мирен и повлечен живот на село во близина на Самобор, далеку од медиумските рефлектори, уживајќи во секој миг со своето семејство.

фото:Youtube screenshot/RTS/ You tube printscreen/Sandra Polic Zivkovic

To top