Македонските победници на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ и Бојан Илиевски, седнаа на заедничка дружба и испратија порака која веднаш ги крена фановите на нозе.
По неодамнешниот огромен триумф на Бојан Илиевски, кој ја однесе победата во деветнаесеттата сезона благодарение на стотиците илјади гласови од целиот регион, тој се сретна со својот колега и минатогодишен победник Никола Станишиќ.

Двајцата млади уметници позираа со широки насмевки во опуштена атмосфера, покажувајќи го своето силно пријателство, но и испраќајќи јасна порака до сите:
„Титулата е одбранета и повторно е во Македонија!“
Оваа заедничка фотографија е само круна на неверојатната серија успеси кои македонските таленти ги нижат на престижната сцена на „Гранд продукција“. Нашата земја стана вистински страв и трепет за сите останати натпреварувачи во регионот, докажувајќи дека Македонија е дефинитивно лулка на најдобрите вокали.

За потсетување од претходните сезони е дека Ристе Ристески го проби ледот и донесе огромно славење во Охрид и низ целата земја.

Потоа Славица Ангелова – младата струмичанка во шеснаесеттата сезона покажа неверојатна моќ на гласот и го освои целиот Балкан.

Потоа Никола Станишиќ минатата година направи вистински бум во осумнаесеттата сезона и имаше спектакуларен дочек во Скопје.

Бојан Илиевски е нјновиот победник кој со својата емоција и моќни изведби успеа да ја задржи престижната титула кај нас втора година по ред.

Со ваков талент и меѓусебна поддршка каква што покажаа Никола и Бојан на заедничката фотографија, нема сомнеж дека македонските музички ѕвезди ќе продолжат да владеат со регионалната сцена уште долго време.
фото:Instagram printscreen/ facebook/ Nikola Stanisic



