Поп- пејачката Тамара Тодевска реши да здивне и да си даде пауза на овие пеколно жешки летни денови и да отпатува на море заедно со семејството.
Периодов беше доста посветна на кариерата и снимањето нови песни за албумот „Кукла жива“ од кој досега промовираше две песни: „Драма квин“ и насловната тема „Кукла жива“ за кои беа изработени и видео записи.

За тоа дека допрва ќе објавува нов материјал, зборуваше со објавувањето на новите песни, но и за она дека во месец октомври најавува свој голем солистички концерт.
Се’ ова еден преголем „залак“ за кој треба треба сe’ по спиосок, ама и многу енергија која мора да се нацрпи од негаде.
Па така, Тамара деновиве ги полни батериите на море, а од „стори“ објавите ја видовме како ужива во мир и спокој среде морската шир истакнувајќи ги своите облини испружена на SUP даската.

Следно од објавите се виде и дека таму е и дада Тијана со која секогаш си се најголемата поддршка една на друга.

Инаку, пред два дена беше најавено дека на нејзниниот Јутјуб канал ќе ја објави и третата песна од албумот насловена „Дива“, но тоа засега не се случи.
Ако со објавата на „Кукла жива“ отиде понапред, односно ја објави неколку часа порано од она што претходно го најави, со „Дива“ сега се доцни од она што беше нагласено на нејзините профили дека ќе ја чуеме на 29. Јуни.
View this post on Instagram
Кога „Дива“ ќе ја здогледа светлината на денот, останува да видиме како Тамара ќе ја понесе морската енергија…
фото:Instagram printscreen/ tmara todevska





