Вчера, на 03.11.2026, во Хотел Мериот во Скопје се одржа прес-конференција по повод претстојното гостување на театарската претстава – мултимедијалната монодрама „Мрки, нисам ти испричао“. Пред присутните медиуми се обрати познатиот актер Марко Јанкетиќ, кој е автор и главен носител на ова моќно сценско остварување.

Пред премиерното изведување во Скопје, закажано за 25-ти ноември (среда) со почеток во 20:00 часот во НУ Национална опера и балет, Јанкетиќ ги сподели личните мотиви и емоцијата зад создавањето на претставата.
Како авторско дело, претставата е посветена на неговиот татко, легендарниот актер Миша Јанкетиќ, односно на сè она што останало недоискажано пред неговата смрт. Јанкетиќ истакна дека публиката ја очекува вистински „емоционален ролеркостер“ кој низ силна актерска игра, смеа, солзи и длабока искреност го пренесува личниот однос, семејните приказни, љубовта и загубата.
„Претставата е мој начин да го кажам она што немав можност да му го кажам на мојот татко. Тоа е катарзично патување низ сеќавањата, а целата емоција на сцената ја надополнуваме и со музика во живо, заедно со бендот кој е постојано со мене,“. „Кога ја создававме претставата, не сакав ова да биде тажна патетика. Животот е сплет од смеа и солзи. Затоа ова е вистински емоционален ролеркостер — во еден момент публиката се смее до солзи на нашите семејни анегдоти, а во следниот момент настапува тишина во која секој во салата се препознава себеси и своите сопствени загуби.“изјави Јанкетиќ на прес-конференцијата. – изјави актерот Марко Јанкетиќ.
На прашањето што очекува од македонската публика, тој одговори: „Имам посебна трема и возбуда пред настапот во Скопје. Македонската публика е позната по тоа што има истакнат сензибилитет и висок критериум за театар и музика, го чувствува ритамот и искреноста. Сигурен сум дека на 25ти ноември во Националната опера и балет заедно ќе доживееме една ноќ која долго ќе ја помниме.“

За претставата „Мрки, нисам ти испричао“
Станува збор за гостување од Србија чиј успех веќе е потврден со низа распродадени сали низ Србија и Црна Гора, како и со исклучителни реакции од публиката и критичарите.
- Режија: Познатата српска актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ.
- Концепт: Мултимедијален формат кој во уникатна целина ги спојува актерската интерпретација, визуелниот израз и бендот во живо на сцената.
- Тематика: Искрена и длабоко трогателна приказна за зборовите што никогаш не биле кажани, за семејните врски и непроценливите животни моменти.
Претставата ветува патување што ќе ве насмее, ќе ве трогне и ќе допре директно до срцето – сценско искуство кое ниту еден љубител на театарот не треба да го пропушти.





