На кој датум паѓа Црниот петок во 2026 година? Тој традиционално доаѓа веднаш по Денот на благодарноста во Соединетите Американски Држави.
Конкретно, Црниот петок во 2026 година е на 27 ноември, кога се очекуваат големи попусти во продавниците ширум светот.
Постојат неколку приказни за тоа зошто токму првиот ден по Денот на благодарноста го добил називот „црн“, а сите тие се поврзани со американската историја. Најраспространетата приказна вели дека официјалната употреба на овој термин датира уште од 1869 година и нема никаква врска со купувањето.
Денес, кога ќе помислите на „Црниот петок“, првата асоцијација се шопингот, долгите редици и гужвите во продавниците, па дури и тепачките за евтина облека и бела техника. Во последните децении, „Црниот петок“ на глобално ниво стана ден на големи попусти и уште поголеми купувања, но историски воопшто немал врска со тоа.
Кога ќе го слушнеме зборот „црн“, секако дека не помислуваме на нешто добро, а „Црниот петок“ во минатото навистина имал таква, мрачна репутација.
Овој ден е познат по големиот пад на цената на златото, што предизвикало потреси на пазарот на благородни метали, од кои американската економија се опоравувала со години. Всушност, богатства биле создадени и изгубени во само еден ден.
фото:Freepi







