Кукла од малечка, ја гледаш и погледот ти застанува без да трепнеш, некогаш или сега, сеедно, таа уште од пелени маѓепсува со својата убавина.
Некогаш или пак сега, наследничката на една од најубавите и најхаризматичните познати брачни двојки во Македонија, Моника Црнкрак е слика и прилика на мама и тато од кои го собрала најубавото.

Токму од времето кога имала само три годинки, Моника се присети објавувајќи една фотографија на Инстграм, а таму е во друштво на македонскиот шоумен Игор Џамбазов.
Таа штотуку излезена од пелени, а тој во цутот на младоста и најголемата популарност.
“Само” 24 год. пред и потоа…Титаааааааа, стои во описот на Моника која тогаш го викала „тита“.

На објавата Џамбазов веднаш возврати со свој коментар во кој вели:
-Имаше три годинки, и ме викаше “Тита”, што и да и значеше тоа. Денес е една од најубавите жени во Македонија. Светле и Мики, да бидете горди на неа, се доплни тој обраќајќи им се и на нејзините родители.
Следеше и уште една фотографија од новото време кое само беше потврда дека реалациите на семејтвото Црнокрак со Џамбазов се’ уште се силни.

Моника, инаку дипломиран економист од Економскиот факултет, веќе длабоко е навлезена во светот на моделството и учествата на избори за убавина чекорејќи по стапките на родителите. Моника освои неколку титули за убавина и продолжува понатаму, а се проба и како водителка заедно во емисија со Миро Кацаров.
фото:Instagram printscreen/igordzambazov





