Пејачката Маја Николиќ ги поминува деновите на меден месец во Грција, од каде редовно споделува фотографии и видеа со своите следбеници на социјалните мрежи.
Пејачката покажа како изгледа нејзиното секојдневие на одмор, а посебно внимание привлече фотографија на која може да се види како вози квадбајк (четирицикл) од сместувањето до плажата. Во добро расположение и насмеана, пејачката уживаше во возењето и летната атмосфера, не симнувајќи ја насмевката од лицето.

На објавените фотографии, Маја позира во костим за капење кој ја истакнува нејзината фигура и бујните облини, а по објавата следеа бројни коментари од следбениците. Многумина забележаа дека пејачката изгледа посреќна од кога било, додека обожавателите ѝ велеа дека блеска и дека очигледно ужива во одморот. Се забележува и дека Маја е видливо црвена од сонцето, па се чини дека нејзиниот сопруг не нанесува крема за сончање како што треба.

– Совршено чувство. Возење квад на прекрасните плажи на Халкидики – напиша Николиќ.
Романтични патувања, возење квадбајк, сончање и уживање на плажа се само дел од атмосферата што им ја пренесе на своите следбеници.

Дека ужива во медениот месец сведочи и фактот што позира насмеана и расположена на речиси секоја фотографија, додека обожавателите со нетрпение очекуваат нови ексклузивни објави од грчкото крајбрежје.
foto: printscreen/instgaram/majanikolic_official





