Мегафон Совршени услови за идните фудбалски звезди

Фудбалската школа “Видри“ отвора врати

Фудбалската школа “Видри“ отвора врати

Во срцето на Карпош, на булевар Илинденска, се наоѓа Спортскиот Центар Локомотива – Видри, во чии рамки е нашиот модерен фудбалски терен, направен по светски стандарди, со вештачка трева, дизајниран да обезбеди максимална безбедност и удобност за децата при секој тренинг.

Во време кога квалитетните услови за спорт, се предуслов за вистински развој на децата, фудбалската школа “Видри“, ги поканува сите млади таленти, кои сакаат да го научат фудбалот на вистински начин, да станат дел од нашето семејство.

Ние веруваме дека за едно дете правилно да напредува, мора да игра на врвна подлога и да има идеални услови во секое време. Благодарение на одличната дренажа и осветлувањето, тренинзите се одвиваат непречено без разлика на временските услови.

“Видри“ е повеќе од школа, тоа е место каде се учи тимскиот дух. Во “Видри“, фудбалот не е само трчање по топка, ние градиме карактери. Нашата програма е фокусирана на:

  • Професионална едукација : Во тимот кој работи со децата се тренери со УЕФА Про Лиценца. Тука се : Марио Вујовиќ – координатор на школата, Никола Коки Аврамовски, Зоран Мицевски и помладите колеги. Во тимот секогаш има медицинско лице и фитнес тренер.
  • Забава и развој : учење низ игра, создавање пријателства и градење дисциплина преку спортот, како и многу натпревари и патувања.

Нашата визија е да создадеме простор каде децата ќе доаѓаат со насмевка, а ќе си заминуваат побогати за ново искуство. Центарот нуди одлична можност за дружење помеѓу родителите и следење на натпреварите и тренинзите.

Бидете дел од Ф.К. “Видри“

Ги покануваме сите заинтересирани родители да ги донесат своите деца на бесплатен пробен тренинг на следната локација : Булевар Илинденска бр.144

Возраст : 6-12 години

Тел.контакт 075/3704040

FB: Game Center Vidri

Instagram : gamecenter_vidri

 

To top