Кај Мими и Филип Нуне возбудата оди во чекор со се’ што им се случува периодов.
Па така, ако неодамна виделото на денот професионално ги видоа нивните две музички чеда, односно двата абуми кои ги промовираа, сега на ред дојде нешто многу поголемо!
„Три срца наскоро ќе бидат четири“ – гласи описот на Инстаграм објавата каде брачната музичка двојка во друштво на синчето откриваат дека Мими е во блажена состојба и семеството наскоро ќе брои четири члена.

За разалика од повеќето познати кои се почесто решаваат бременоста да ја држат во тајност, Нуневци не се тој случај, зашто покрај убавата вест открија и дека чекаат уште едно момче.
View this post on Instagram
Тригодишниот Никола ќе стане голем батко кога веќе наредната 2027 година ќе дојде приновата.
Бебето ќе ја дополни семејната сложувалка и ќе го направи нивниот живот уште пошарен.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/mimijovanovskaa and filip_nune/Gemini(AI)





