Франческа Рустем, 21-годишна албанска спортска новинарка и ТВ-водителка, привлече големо внимание со фотографиите што ги објави по натпреварот меѓу Албанија и Сан Марино во Лигата на нации.
За известувањето од теренот избрала тесен црн мини-фустан со изрези кај половината и тенки прерамки, кој го искомбинирала со многу високи потпетици.

На една од фотографиите позира со микрофон во раката и нога потпрена на фудбалска топка. Судејќи според кадрите, Рустем вешто се движи по тревникот и во вакви чевли.
„Вашата омилена спортска девојка, секогаш на задача“, напиша таа покрај фотографиите. Во видео, пак, ја покажа својата подготовка пред натпреварот, опишувајќи ги високите потпетици како најудобни.
View this post on Instagram
Рустем е активна во светот на манекенството уште од тинејџерските денови и работела за големи светски брендови, меѓу кои и „Гес“. Таа се занимава и со студии по право, а на албанската телевизија „Топ ченел“ се појавила како водителка на спортските емисии „Процеси Спортив“ и „Топ арена“.
View this post on Instagram
Покрај телевизиските ангажмани, Франческа е активна и на социјалните мрежи, каде што често привлекува внимание со своите објави и отворените ставови.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram






