Радио Милева распослана крај базенот...

Македонската пејачка во летно (рас)положение: Погодувате ли чии се овие долги нозе крај базенот? (ВИДЕО)

Македонската пејачка во летно (рас)положение: Погодувате ли чии се овие долги нозе крај базенот? (ВИДЕО)

Периодов пејачките од естрадата се мошне активна на сите платформи каде имаат свои профили, а пак бројните фанови и следбеници секогаш знаат да им доделат ласкави комплименти преку коментарите кои осамнуваат за фотографиите или поставените видеа на кои во едноделни костими за капење или бикини, расните македонски попи фолк ѕвезди ги споделуваат бујните облини.

Токму една таква фотографија или поточно клипче осамна на Инстаграм приказните, а на него долгите нозе, кои треба да погодите чии се, на која естрадна ѕвезда и припаѓаат?

Ако не ви текнува, видеото ќе ви го открие она што таа самата веќе го открила, откако решила да ја отвори летната сезона.

Именио, македонската фолкерка Елена Велевска иако е дама во средни години, се уште поседува доволно привлечни атрибути кои уште на прв поглед ги будат машките сетила.

Особено кога пејачката ќе се соблече во костим за капење, било да се тоа бикини или едноделна комбинација, која во последно време Елена повеќе ја преферира.

Така беше уште зимоска кога Велевска  ги беше распослала своите бујни облини стокмени во монокини  во еден спа центар каде ги „полнеше батериите“ покрај базенот, па направи и една фотка за поздрав на своите фанови која прилично ги возбуди нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Како во зима, така и на прагот на новото лето, кога сето што како телесен раскош го поседува Велевска го сместила во тиркизно синиот едноделен костим за капење, па  решила да ужива во сончевиот ден покрај отворениот летен базен.

Пејачката ниту оддалеку не е „со крстот на чело“, па затоа умее смело да се фотографира за своите обожаватели, кои со очи ширум отворени можеби не можат да ја гледаат в очи заради темните сончеви очила, ама затоа можат и тоа како да гледаат во она што пејачката малку подоли им го предочила.  Така, ако сте еден од мноштвото нејзини  следбеници и особено ако сте верници, никој не мора да ви го впери прстот, за да се уверите дека сите „влажни погледи“ завршуваат… на крстот!

Летово кај Велевска така стојат работите, а само пред некоја година фолкерката умееше и малку поинаку и себе си и Вам да ви го разубави денот… Со „влажен топлес поздрав“ од базенот!

Фото и видео: Инстаграм/evelevska

To top