Радио Милева Им го дигна моралот

„Денес сум Босанка“: Миа Калифа јавно им даде поддршка на „Змејовите“ на Мундијалот

Светски познатата инфлуенсерка и поранешна актерка за возрасни преку социјалните мрежи испрати порака за поддршка на репрезентацијата на Босна и Херцеговина

„Денес сум Босанка“: Миа Калифа јавно им даде поддршка на „Змејовите“ на Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина успешно го започна настапот на Светското првенство 2026 освојувајќи важен бод против домаќинот Канада. Натпреварот во Торонто заврши без победник (1:1), а покрај случувањата на теренот, вниманието на јавноста го привлече и една неочекувана навивачка на „Змејовите“.

Станува збор за Миа Калифа, една од најпознатите интернет-личности во светот, која непосредно пред натпреварот јавно ја поддржа репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Либанско-американската медиумска ѕвезда, која ја следат милиони луѓе на социјалните мрежи, се огласи на платформата X и јасно покажа за кого ќе навива.

„Денес сум Босанка“, напиша Калифа во објава која за кратко време стана вирална и предизвика бројни реакции.

По таа порака продолжи во шеговит тон и откри кои репрезентации ќе ги поддржува во текот на наредните натпревари на Светското првенство.

„Подоцна вечерва ќе бидам Парагвајка. Утре во 18 часот сум Мароканка, а во 21 часот Хаиќанка“, напиша таа.

Нејзината објава брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика позитивни реакции кај навивачите на Босна и Херцеговина, кои со воодушевување ја прифатија поддршката од една од најпознатите инфлуенсерки во светот.

Иако беше само кратка порака, таа успеа да стане дел од мундијалската атмосфера и дополнително да го привлече вниманието кон настапот на босанската репрезентација на Светското првенство 2026.

To top