Елизабета Ефтоска, музичкиот феномен од Гостивар кој го освојува Балканот доби нов, уште поинтересен пресврт за кој денес со право дебатираат сите генерации на социјалните мрежи.
Покрај тоа што со секој нов настап Елизабета добива чисти десетки од стручното жири на популарното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, оваа харизматична дама го привлече вниманието со тоа што јавно призна дека мајката на нејзиниот сопруг е нејзиниот најголем „ветер во грб“ и чувар на домот додека таа се бори за својот сон.

Токму со овој потег таа успеа да ги допре срцата на милионската публика пред малите екрани.
Јавноста веднаш започна со серија позитивни коментари, нагласувајќи дека оваа воспитатувачка од градинка дефинитивно им одржа лекција на многумина за тоа како се негуваат и почитуваат блиските односи во семејството.

„Овој настап и оваа песна сакам јавно да ѝ ги посветам на мојата свекрва, која неизмерно ја почитувам и ја сакам. Таа ми е најголемата поддршка во животот, секогаш е тука за мене и за децата, и без нејзината помош јас денес немаше да бидам на оваа сцена.“- изјави Елизабета.
Бети од Гостивар оствари директен пласман во полуфиналето на регионалното музичко шоу.
Таа го обезбеди своето место меѓу полуфиналистите по одличниот настап емитуван кон крајот на мај, каде што ги воодушеви жирито и публиката со изведбата на традиционалната песна „Елено ќерко“.
Додека натпреварувањето оди кон својата завршница, таа веќе е меѓу фаворитите за победник кога се во прашање симпатиите на македонскиот народ.
Фото: You tube printscreen/Nikad nije kasno




