Радио Милева „добро крчкано“

Антониа Гиговска одново изненадува, овој пат ги остави сите во прашалници за она што следи

Антониа Гиговска одново изненадува, овој пат ги остави сите во прашалници за она што следи

Откако со преработката на „Чукај чукај“ успеа да „крене прашина“, младата поп- пејачка Антониа Гиговска одново подготвува изненадување, овој пат доста добро „крчкано“.

Во месец октомври 2024 Антониа го објави спотот за песната „Жена“ со која се претстави на „Макфест“, а тогаш го најави и албумот под истото име кој најпосле многу наскоро ќе ја здогледа светлината на денот.

За повторно да привлече внимение, пејачката на Инстаграм објави симбол од прашалник на жолта основа од кој барем за момент од „стори“ приказните ги остави следбениците во прашалници, за најпосле да ја реши дилмата и да открие дека албумот излегува наскоро.

-Долго работевме на ова, едвај чекам да чуете!- нагласи таа.

Веднаш потоа обзнани и дека на албумот ќе се најдат девет композиции меѓу кои четири веќе познати и пет нови песни.

Тимот кој се спои за финалното музичко парче се: Роберт Билбилов, Дарко Димиртов и Лазар Цветковски, а на пената „Прво види се себе“, Антониа се потпишува како автор на текстот.

Останува да почекаме откако „јадицата е веќе фрлена“…

фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa

To top