Радио Милева природно издание

Тања Савиќ го покажа лицето без трошка шминка – еве како изгледа

Тања Савиќ го покажа лицето без трошка шминка  – еве како изгледа

Пејачката Тања Савиќ, на 41 година, изгледа како 20-годишна девојка, а сега го покажа своето лице без ниту трошка шминка.
Имено, Тања објави видео на Инстаграм од салон за убавина и покажа како се грижи за своето лице, изненадувајќи ги своите следбеници.

Савиќ се снимаше себеси без ни трошка шминка за време на третманот и го покажа своето „вистинско лице“, и додека некои коментираа дека е убава во својот природен изглед, имаше и такви кои ја нападнаа и рекоа дека вака не личи на себе.

Инаку, Тања цвета покрај својот 11 години помлад вереник, Муки Бешиќ, а неодамна проговори и за медиумите за нивната врска.

– Тој е единствениот што е со мене 24 часа на ден. Тој и моите деца. Поминавме низ толку многу заедно. Заедно сме речиси четири и пол години, се покажа дека сме сродни души. Поминавме и низ добро и низ лошо, тој е мојата судбина – рече фолк пејачката, која не ја крие желбата да има дете со својот избраник, поради што во последно време интензивно ги посетува манастирите.

Foto: printscreen/Instagarm/tanja_savic_private

To top