Познатата ТВ водителка Милена Антовска неодамна одлучи да ја почувствува пролетната убавина надвор од нашите граници, одбирајќи го магичниот регион Пулија во Италија за семеен одмор.

Иако сега е веќе вратена на работа, таа на Инстаграм ги сподели најубавите моменти со следбениците, оставајќи ги да сонуваат за белите улички, мирисот на морето и побавното темпо на живот.

Најомиленото место за нејзините фотографии беше клупата каде ги крена нозете, облечена во лесен бел фустан кој што ја штител од жештините.

Со насмевка на лицето, Милена откри дека е целосно задоволна од изборот: „Пулија има некоја посебна магија. Мали гратчиња како од разгледница, бели улички, мирис на море и чувство дека времето оди побавно. Локоротондо ме освои – мирно, топло и преубаво за шетање без брзање. Сѐ е бело и толку средено што ти доаѓа само да талкаш без план. А сладоледот од лимон? Буквално спас од топлото – ладен, освежителен и преубав вкус. Италијанците стварно знаат што прават!“

Така, Милена ги наполни батериите заедно со сопругот Гордан и ќерките Лана Марија и Јоана, па веќе е подготвена за новите телевизиски предизвици.
View this post on Instagram
Понекогаш, кратката пауза во рај како Пулија е сѐ што ни треба за да се вратиме посилни и насмеани.
Foto: print screen/Instagram/milena_antovska



