Поранешната македонска пејачка и сегашна инфлуенсерска со германска адреса на живеење, Зорица Блажева или попозната како Зои Блаж, неодамна беше дојдена на гости кај своите во Македонија.
Во оваа прилика Зои доби покана и гостуваше во „Старс тв шоу“ кај Ивана Јанковска каде меѓудругото емотивно се наврати на периодот пред да ја добие ќеркичкта Мариа.

Денес со измешани чувства, но со една примарна водилка- љубовта кон бебето и благодарноста кон Бога за остварувањето на најголемиот сон, иако прогнозите за истиот биле непостечки поради нејзиниот здравствен проблем.

Денес Мариа ќе полни една годинка, а мама Зои со солзи во очите зборуваше за времето кога отишла кај жена гатачка која и претскажала дека ќе добие бебе толму онакво како што има денес.

-Никогаш не сум го кажала ова до сега. Татко ми дознава една жена што има дарба од Господ да гледа. Кога влегов кај неа ми рече: „кој проблем го имаш ти?“, јас викам, па јас сум болна, јас не можам да имам дете, а таа му се сврте со „ти си болна?, ти немаш ништо“. Таа жена ми кажа дека ќе имам ќерка и дека ќе има плави очи и темна коса и после еден месец јас дознавам дека сум бремена, раскажа Зои во грутка во грлото, се уште сензитивна од случката.
View this post on Instagram
13. Maj, датумот кој им ја донесе најголемата среќа на Зои и словенечкиот ракометар Тадеј Матијашиќ кои тогаш станаа родетели за првпат.

Чувство на убаво, позитивни вибрации, надеж и мисла дека кога она што силно го посакуваш многу возможно е да ти се случи, па сонот да стане јаве.
фото:Instagram printscreen/stars_tvshow/zoi.blaz




