Радио Милева горд

Гудељ јавно и се обрати на Анастасија: „Не го суди мажот според автмобилот“

Гудељ јавно и се обрати на Анастасија: „Не го суди мажот според автмобилот“

Фудбалерот Немања Гудељ и Анастасија Ражнатовиќ ја прославија четвртата година од нивната љубов, а спортистот по овој повод сподели силна порака.

Тие често се огласуваат на социјалните мрежи, а сега Гудељ сите ги изненади  цитат со кој сакаше да нагласи дека е горд што Анастасија му е сопруга.

„Не судете го мажот по неговиот автомобил, часовник или работа. Судете го по неговата сопруга. Точка“, напиша Гудељ и ја тагираше Анастасија, која веднаш го сподели на својот профил и додаде емотикон од раце што се молат и црвено срце.

Патем, по повод годишнината, Анастасија му подари на својот сопруг еден од најскапите француски парфеми со посебна посвета.

„Четири години со љубовта на мојот живот. Мал подарок за најдобриот сопруг. Те сакам. Твојата сопруга „А“ од Париз со љубов“, пишуваше во посветата.

фото: Instagram printscreen/ raznatovicanastasija

To top