Радио Милева бројни комплименти

Пријовиќ се прошета низ Париз како Ријана

Пријовиќ се прошета низ Париз како Ријана

Српската пејачка Александра Пријовиќ ужива во одморот во Париз, а вниманието на корисниците на социјалните мрежи го привлече со скапа облека вредна речиси 9.000 евра.

Носеше јакна од Ив Сен Лоран, чија цена е 2.900 евра, црна маица и фармерки од истиот бренд од 950 евра. Пејачката низ Париз се прошета со чанта од Шанел во вредност од 4.000 евра, а изгледот го комплетираше со потпетици од истата марка, кои чинат 900 евра.

Овие двобојни потпетици од Шанел веќе станаа моден хит во 2026 година, а ги носат многу светски познати дами, вклучувајќи ја и Ријана.

„Кога си во Париз…“, наведе Александра Пријовиќ во описот, а на Инстаграм доби бројни комплименти за својот изглед.

Таа неодамна се врати на сцената по паузата што ја направи по раѓањето на ќерката.

фото:Instagram printscreen/aleksandrapriijovic

To top