На социјалните мрежи се појави видео од настапот на Теа Таировиќ, кое веднаш предизвика лавина од коментари – обожавателите се прашуваат само едно: Дали пејачката е бремена?
Имено, Теа настапи во тесен црвен фустан кој го истакнуваше нејзиниот стомак, и токму тоа го привлече вниманието на многу луѓе. Шпекулациите беа во изобилство во коментарите под видеото, додека некои тврдеа дека изгледа поинаку од претходно, што дополнително ги поттикна сомнежите.

„Дали танцува бремена вака?“, „Дали е бремена?“, „Мене ми изгледа како да е бремена“… се некои од коментарите под видеото.
View this post on Instagram
За потсетување, ова не е прв пат да се покренува оваа тема. Бременоста на Теа Таировиќ веќе беше објавена во медиумите, а изјавата на гатач дека пејачката наскоро очекува бебе привлече особено внимание, објави Информер.
Иако овие тврдења никогаш не беа потврдени, приказните продолжија, особено по нејзиниот брак, кога многумина веруваа дека е само прашање на време кога таа ќе стане мајка.

Додека некои веруваат дека станува збор само за незгоден агол и крој на фустанот, други се убедени дека „има нешто повеќе“. Пејачката сè уште не коментирала за ова прашање.
Foto: print screen/Instagram/estrada.nastupi







