Младата поп- пејачка од Куманово, Ивона Јо пред нешто повеќе од една година тргна на патот кој ќе и го смени живот, а почетокот беше означен од Истанбул каде во една приватна клиника направи липосукција и отстранување на вишок кожа.
Ако некогаш огледалото беше изворот на комплекси, стравови и несигурност, денес Ивона со крената глава и со гордост гледа во одразот кој го гледа, токму од тоа исто огледало.

Арно ама храброста и промените секогаш се рамо до рамо за пејачката која овој пат се реши да направи нова естетска интервенција.
Ивона се реши да инјектира ботокс во челото, а резултатите од пред и потоа да ги покаже преку видео на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
Реакциите околу одлуката и видливата промена беа поделени. Додека за едни Ивона изгледа одлично и вака и онака, за други ваквиот чекор на нејзини 29 години и воопшто не и беше потребен.

„Зошто бе девојче, нели си млада за ботокс?“ -стои во еден од коментарите кој наиде и на уште многу реакции како согласност.

Сепак, секој си е свој креатор на личната сатисфакција, а Ивона веќе многупати погажа дека е цврсто решена да го прави она што го наумила.
фото:Instagram printscreen/ivonajo





