Македонската фолкерка Адријана Ацевска, попозната како Адријана Кеш, наполни 43 години. Таа ja сподели радоста на Инстаграм со видео од импресивна торта со свеќичка, откривајќи дека денес и е роденден и дека е неверојатно среќна поради тоа.
И покрај годините, Ацевска изгледа секси, вистинска бомба . Познатата фолкерка е полна со енергија, а батериите обожава да ги полни на далечни патувања кои ја исполнуваат.

Една од колешките кои први и честитаа беше и пејачката Ирена Вељовска со која двете заедно уживаа на Занзибар.
„Да ти шепнам нешто, годините се само бројка, млада си се додека срцето ти гори“ – напиша таа и додаде оганче емотикон до честитката.

„Среќен роденден жено“ и напиша Стојне Николова нејзината колешка и пријателка, а сподели и еден нивни приватен момент.
Меѓу познатите кои и честитаа на кратката приказна, беше и пејачот Бобан Цаневски кој ја понесе статуетката СМС победник во популарното регионално музичко талент шоу за повозрасни, „Никогаш не е доцна“.

Пораките со најубави желби продолжуваат да пристигнуваат од сите страни од колеги музичари, обожаватели и пријатели.
Адријана Кеш, останува да привлекува со нејзиниот шарм, а овој роденден не е само прослава на годините, туку и потсетување дека Адријана е жена што зрачи и е подготвена за нови успеси.
Среќен роденден, Адријана!
Foto: print screen/Instagram/adrijana_acevska





