Радио Милева важно потсетување!

Емотивна исповед на Тамара Тодевска: „Фала ти Господе, сите ми се на број…“

Емотивна исповед на Тамара Тодевска: „Фала ти Господе, сите ми се на број…“

Откако извесен период како да паузираше од чести објави на своите профили од социјалните мрежи, а се „ткаеше“ и приказната во јавноста и медиумите дали ја раскинала љубовната врска или пак не, сега пејачката Тамара Тодевска се огласи на Инстаграм со видео објава, но со една сосема поинаква дневна перспектива.

Тамара искачувајќи го Водно, најде простор и време да биде сама со себе и да размислува и резимира што тоа и колку треба за да бидеме задоволни од животот, осврнувајќи се на себе и се’ она што Бог и го дарил.

-Шетајќи денес на Водно на овој преубав ден, размислував малку за животот, и си викам, дали е многу секое утро на станување и секоја вечер на легнување да кажеш фала ти Господе за се’ ова што ми го даде во животот?! Дали сум го заслужила или не, не знам, меѓутоа јас сум многу среќна жена кога ќе размислам. Имам две прекрасни здрави деца, здрава сум, сите ми се на број, ја работам работата што ја сакам, имам прекрасно момче, имам прекрасни луѓе околу мене во мојот тим кој што работи со мене на нови проекти. Што повеќе може Господ да ни даде?! Дали доволно возвраќаме на сето тоа што го имаме?- се исповедаше и го наметана прашањето за сите.

Ние би рекле дека убаво е да си го кажеш на себе што е тоа твое „малку“, што всушност за многумина значи многу! Да си благодарен, мнотивиран, а не фрустриран, па дури и кога не оди според планот.

Инаку, во пресрет на годишнината од трагедијата во Кочани, во која животот го загубија повеќе од 60 млади луѓе, Македонската радио телевизија во недела во 17: 45  ќе го емитува хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска, кој се одржа на 8 мај 2025 година во Младинскиот културен центар во Скопје, што меѓудругото таа го дополни од своите објави.

фото:Instgram printscreen/tamaratodevska

To top