Емилија Розман, не само што ја паметиме како екс мисица и манекенка и модел со факултетска диплома, туку се повеќе станува позната по својот цветен бизнис. Ланец на цвеќарници кои се воедно и продавници за подароци, ама и начинот на кој иостите умее да ги промовира ја прават „уникатно откачена“ цвеќарка.

8 -ми Март е веројатно денот на кој најмногу и се троши цвеќето. Робата кај цвеќерките за Празникот на жената „оди како луда“. Цвеќето се продава и купува во изобилство, зашто таква е традицијата… Кој саксиско цвеќе, кој еден цвет, кој помал или поголем букет за баба, мама, дада, девојката, колешката, комшиката, швалерката… Кој што има и што му е помило од женскиот род.

Г-ца Розмантична тоа добро го знае, ама знае и дека не е единствената цвеќарка, а конкуренцијата е многу јака, така што колку и да ти е цвеќарницата полна со најразновидна цветна стока, мора да си уникатен и оригинален, зашто борбата за продаден букет, па и цвет повеќе – е жестока!

На остроумната Емилија очигледно не и недостасувалат идеи, па во рекламната кампања ја вклучила и својата фамилија. Затоа треба да се биде мошне досетлив и вреден, за иако не си единствената цвеќарка на целиот свет, изборот да биде еден – родениот брат спакуван во букет!
„Рековме дека ќе направиме сè за да продаваме цвеќе… Очигледно, мислевме така. Не грижи се, цвеќето е нормално. Персоналот е… сомнителен“ – споделила г-ца Розмантична покрај видеото кое за некого е уникатно, за некого шокантно!

Арно ама овие вториве шокираниве, уште го немаа видено она главното… како изгледа кога пребирлива муштерика ќе ти дојде во цвеќерница, па од богатата понуда ништо не бендисува… Тогаш ти останува само едно… Да и го понудиш букетот спакуван во гепекот!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/rozmanticna






