Промотер

Кали го осветлува денс подиумот и прашува: Што ако „Моето Сонце“не е личност, туку музика што те крева на нозе (ВИДЕО)

Кали го осветлува денс подиумот  и прашува: Што ако „Моето Сонце“не е личност, туку музика што те крева на нозе (ВИДЕО)

Со „Моето Сонце“, Kaly продолжува да го гради својот авторски и изведувачки идентитет, задржувајќи ја искреноста како основа на својата музичка насока.

Калина Велковска – Kaly го прави токму тоа со својот нов поп‑денс сингл „Моето Сонце“ – песна што носи енергија и ритам што не можеш да го игнорираш.

Со „Моето Сонце“, Kaly не раскажува љубовна приказна. Таа ја дефинира својата.

Музиката, аранжманот и аудио продукцијата се дело на Роберт Билбилов, додека текстот е заедничко авторство на Роберт и Kaly. Комбинацијата создава мелодичен поп‑денс звук со свежи енергични линии, совршено место за вокалот на Kaly да блесне.

Видеото е визуелна експлозија, во која Ѓорги Вацев ја потпишува продукцијата, а за сценариото се грижат Ѓорги Вацев, Андреј Папаз и Бобан Русески.

Кореографијата на Бобан Русески додава динамика и ритам, додека стајлингот на Андреј Папаз го комплетира сето тоа со стил.

Со „Моето Сонце“, Kaly продолжува да го гради својот авторски и изведувачки идентитет, задржувајќи ја искреноста како основа на својата музичка насока.

Песната и видеото се достапни на сите музички платформи, а видеото премиерно можете да ја погледнете во продолжение.

To top