Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, не често медиумите успеваат да го најдат, односно договорат за средба, бидејќи тој едноставно никогаш не запира и редовно е тргнат на пат до победа.
Овој пат во намерата да го договорат и да ја реализираат средбата, успеаја од естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.

Со Иџе зборуваа на нешто полични, подлабоки и поемотивни теми настрана од автомобилизмот и мноштвото трки низ Европа.
Иџе сега зборуваше за неговата најголема цел во животот, неговиот фокус и максима по која се води со секој ден и со секој здив, а се’ тоа се однесува на неговите две деца.

-Премногу признанија, верувајте, премногу пехари освоено, трофеи, така да дефинитивно тоа го тргам на страна. Успех е да, да успеете во животот, да станете прав човек да ги насочите, за мене зборувам, моите деца на едно право место, права насока, да бидат вистински луѓе. Тоа ми е мотивот, тоа ми е целта да они прераснат во луѓе на кои што би бил горд, кажа Иџе пред микрофонот на „Бекстејџ“.
View this post on Instagram
На трократниот шампион во автомобилизам, речиси секаде и секогаш најголема поддршка му се сопругата, синот и ќерката. Со нив па многу полесно се справува и со приватниот живот и со кариерата.

А кога целта е јасно зарцртена, трасата по која се оди па дури и да е тешка и деликатна, погледот кон немерата е еден.
фото: instagram printscreen/igor_stefanovski_idze




