Софија Манева е една од оние македонски пејачки на која бракот 100% и го промени животот, а разводот за 360 степени и го заврте, враќајќи ја назад… во музиката!
Имено, откако се омажи музичката кариера како да ја „заклучи во подрумот на заборавот“, но по разводот, за кој самата ќе каже дека бил неминовност која ја сфатила многу порано отколку што тоа го сторила и формално, ќе и ја рестартува желбата за пеење и музика. Атрактивната кавадарчанка по цели 12 години кон крајот на 2024 ќе се врати на естрадната сцена со нова песна, „Момче Македонче”, за која сними и видеоспот..
View this post on Instagram
Но, разводот не само што и ја возобнови музичката кариера, туку по се изгледа дека на Софија Манева и ја „воскресна“ и слободата да живее онаков живот, каков што посакува една слободна девојка во потрага по забава, но и нова љубов.

Така, сега расната кавадарчанка се’ почесто можеме да ја видиме во „слободни“ изданија, подразголена, во разни мопдни варијанти со секси стил, кои го птенцираат нејзиниот телесен раскош и сексапил.

Од модни варијанти во провидна црна тантела која предизвикува неодолива возбуда…
View this post on Instagram
Преку долги свечени фустани со разголен грб до „опашката“, разголени колкови и гола половина…
View this post on Instagram
Па се до куси мини фустанчиња исто така сосема разголени одзади, со длабоко деколте, раскопчана до папокот!
View this post on Instagram
Дали тоа пејачката по разводот навистина тргна во потрага по момче Македонче или сето ова е само дел од нејзината нова инфлуенсерска улога на фотомодел?

Фото и видео: Инстаграм/sofija.maneva






