Љубов и секс

Истражување: Колку често мажите, односно жените размислуваат на секс?

Истражување: Колку често мажите, односно жените размислуваат на секс?

Често можеме да ги слушнеме тврдењата дека мажите постојано размислуваат на секс. Поточно, популарниот мит вели дека мажите на секс размислуваат на секои седум секунди. Што е вистина?

Државниот Универзитет во Охајо спровел истражување за тоа колку студентите размислуваат на секс, храна и спиење. Утврдено било дека мажите просечно размислуваат 19 пати на секс, додека жените тоа во просек го прават 10 пати.

Значи, резултатите од истражувањето сугерираат дека мажите размислуваат на секс речиси двапати повеќе од жените. Меѓутоа, истражувачите навеле дека всушност не постои значајна врска меѓу полот и размислувањето на интимните односи.

Мажите почесто мислат на секс, но исто така размислуваат за храна и спиење почесто отколку жените.

Компанијата „OnePoll“, но и „Pure Romance“ во 2019 година спровеле истражување за тоа колку сексуално активните Американци сакаат да зборуваат за интимните односи.

Во резултатите било наведено дека 65 отсто од нив се чувствуваат комфорно споделувајќи ги овие информации со другите, а од нив 29 отсто рекле дека тоа го прават со задоволство.

Секако, најмногу за сексот зборувале со партнерот, односно партнерката (61) отсто, потоа со најдобрите пријатели (60 отсто), со останатите пријатели (40 отсто), со колегите на работа (28 отсто) и со цимерите (26 отсто).

извор:точка.ком.мк
фото:freepik

To top