Радио Милева убавото допрва следи

Александра Јанева во незгодно време го шокирала сопругот со веста за бременоста: „Тој се укочи, неколку минути гледаше во ѕид“ (ВИДЕО)

Александра Јанева во незгодно време го шокирала сопругот со веста за бременоста: „Тој се укочи, неколку минути гледаше во ѕид“ (ВИДЕО)

Пејачката Александра Јанева тргна во трудничка медиумска офанзива…

Откако неодамна пред јавноста обзнани дека е во блажена состојба, моментот апсолутно и се поклопи со музичките новитети на кои работи, по што теми за муабет пред камера и тоа како има за да се случуваат покани и гостувања на идната мама по телевизии и радија, и тоа во  континуитет деновиве.

По серијата музички проекти, Јанева го претстави и видеотo за својот најнов проект „Сестро“ која ќе биде носечка песна на нејзиниот претстоен албум. Песна која го слави несебичното другарство и секоја жена што подала рака во вистинскиот момент.

Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов, не знаев дека универзумот ме слуша и подготвува за најважната премиера во нашиот живот. Те чекаме малечка, вака Јанева го најави доаѓањето на наследничката, среќна вест која на сопругот му ја открила и го шокирала во незгодно време, а за истото проговори во една емисија.

-Му спрмив една честитка на Иван во која пишав – еден плус еден е еднакво на три, или татко ќе бидеш. Ама, не му кажав од кого е. И затоа што во моментот кога пристигнав во Струмица, беше на „онлајн“ состанок, а јас немав трпение, само му ја подадов честитката и му реков: еве некој комшија сака за што да ти се заблагодари, не знам што е, за да го заинтригирам некако. Мислам… ова не се случува често комшијата да ти се заблагодари со честитка. Вака ја погледнува, само се укочи… состанокот искрено не се сеќавам како и што беше, само знам дека неколку минути тој гледаше во ѕид. Не знаејќи како да реагира.После нормално пројде време стивнаа и емоциите. Фала бога и двајцата бевме многу радосни, ама секогаш кога се навраќаме на тој момент ми вика, само јас си знам како го издржав тој состанок, раскажа Александра во „Никој да не знае“ на телевизија Телма.

Инаку, албумот „Сестро“ ќе се открива етапно во текот на целата 2026 година, ветувајќи ни патување низ емоциите и славење на нераскинливите пријателски врски. Александра најавува дека целата 2026 година ќе биде во знакот на „Сестро“ – период исполнет со нова музика и проекти кои ќе го слават заедништвото и автентичноста, а  најмногу мајчинството кое следи.

фото:Instagram printscreen/nikojdanezna/ aleksandrajanevaofficial

To top