ТВ и радио водителот Димитар Атанасовски, редовно активен на социјалните мрежи, повторно привлече илјадници погледи. На својот Инстаграм профил на кратката приказна, објави видео од семејниот дом на кое се гледа каде среќно подготвува пица во кујната.

Димитар, со мајсторски вештини, вешто замесил тестото за да ја изненади познатата пејачка, сопругата Сара Мејс и нивните две деца.

– „Какво домашно тесто за пица сум направил“ – потврдно напиша тој.

Кујната е совршено чиста и педантно наредена – очигледно дека сè е направил со огромна љубов и внимание кон деталите.

Објавата ги воодушеви сите жени, кои сонуваат за партнер што ужива во кујнските авантрури. Димитар покажа дека е вистинска инспирација, која можеби ќе ги мотивира и другите мажи да ги изненадат своите семејства со домашна пица.
За пофалба, Димитар!
Foto: printscreen/instagram/dimitaratanasovski_







