Таа сопственичка на најдолгите нозе на естрадата, кои за малку не завршиле во балетската уметност, откако од малечка цели 6 години била членка на детското балетско студио „Ту-Ту“. Потекнува од музичко семејство ( татко и е пензиониран флејтист во Воениот оркестар на АРМ), па природно уметноста, особено музиката и е во гените, а најпрвин свирењето клавир во прстите.

Но професонална пијанистка никогаш нема да стане иако пијаното ќе го изучува и во средното музичко училиште. Сепак, на ФМУ ќе ги открие гласовните можности и оперското пеење кое ќе пресуди. Ќе дипломира во оваа област, а потоа и ќе магистрира интерпретација и композиција.

Паралелно со оперската уметност ја започнува и својата естрадна кариера како поп пејачка. Фестиваклските настапи на „Макфест“ и тезгите по клубовите и дискотеките ќе ја препорачаат да стане и дел од екипата на единственото кабаре кај нас, познатата „Голд фелиција“ во Битола, кое има свое шоу однеодамна и во Тетово.

Речиси цели 4 години ќе има уметнички изведби, ќе менува ролји и костими, стајлинг, фризури и шминка, настапувајќи секој викенд на кабаретската сцена, на која однеодамна ќе и каже збогум… Или барем ќе ја стави на стенд бај, за целосно да и се посвети и предаде на операта. Засега само како членка на хорот на МОБ, со надеж дека набргу ќе стане и солист на сцената на реномираната домашна оперска куќа, а можеби и на некоја од оние ширум светот.

Таа искрено и отворено зборуваше и за приватноста, меѓу останатото и за љубовта со колегата која за малку ќе завршеше со брак, а заврши со раскината веридба, но и за женската љубомора, недоличните пораки и хакираниот профил на социјалните мрежи…

Имено како што самата раскажанејзиниот профил бил хакиран, односно таа цели три месеци била на еден начин тормозена и злоставувана, зашто некој се 0бидувал на секаков начин да и влезе во приватноста. Таа некоја, во која пејачката дебело се сомнева иако нема сто постотен доказ, мислеа дека ќе најде компромитирачки фотографии. Но пејачката вечи дека не се уплашила зашто немала и од што да се плаши, така што на крајот ништо не излегло од сето тоа. Пријавила во МВР, но искомуницирала и со Мета (сопственик на Фејсбук и Инстаграм), а тие веднаш реагирале и ги избришале четирите искреирани лажни профили на пејачката за кои вели дека знае кој сето ова и го сместил иако повторува дека нема цврст доказ. Вели дека била во прашалници како некој(а) моѓе толку детално да се замара за туѓ живот.

За оваа немила случка (на 01:14: 45), но и за уште мноштво повеќе или помалку познати, ама и сосема непознати нешта, оперската и поп јачка за прв пат „отвори душа“, зашто Полина Тасева никаде не кажала ништо слично, како во поткастот „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски.

Премиерата оди секоја среда навечер, со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (каде 24/7 и тоа 365 дена во годината можете да го погледнете како најновото неделно издание, така и сите претходни досега емитувани епизоди на интер ток шоуто „Ништо лично“.






