Радио Милева стомачето во прв план

Универзумот ја подготвува за најважната премиера во животот: Александра Јанева ќе стане мајка

Универзумот ја подготвува за најважната премиера во животот: Александра Јанева ќе стане мајка

Поп-пејачката Алексанева и нејзиниот сопруг, ракометарот Иван Ангелов, за неколку месеци со божја волја ќе станат родители за првпат.

Убавата вест ја објавија на социјалната мрежа Инстаграм каде поставија неколку фотографии направени пред паноромскиот поглед од Козјак.

Идните родители насмени и прегрнати позираа со трудничкото разголено стомаче на Александра во прв план од фокусот.

-Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов, не знаев дека универзумот ме слуша и подготвува за најважната премиера во нашиот живот. Те чекаме малечка, напиша идната мама откривајќи и дека ќе добијат девојче.

Познатата струмичанка пред само неколку дена ја објави својата најнова песна насловена „Сестро“, а со истата наедно најави и албум кој заедно со доаѓањето на ќеркичката апсолутно ќе биде во женски предзнак.

За потсетување, Александра и Иван беа во врска околу три години, а голема традиционална свадба направија во месец август 2024 година.

фото:Instagram printscreen/aleksandrajanevaofficial and angelov11

To top