Игор Којиќ, синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, по трет пат застана пред матичар. Тој и неговата избраничка Николина во тајност ја организирале свадбената церемонија, а посебно внимание привлече нејзиниот труднички стомак.
Николина за оваа пригода избрала елегантен бел фустан, додека младенците пред матичарот го означија почетокот на заедничкиот брачен живот.
На свадбата, кум на Игор му е голманот Милан Борјан, пишува „Пинк“.
Игор неодамна се огласи по информациите дека неговата девојка е бремена. Тој за домашните медиуми ја потврди веста, но не сакаше да открива детали за својата избраничка.
– Вистина е, ви благодарам на честитките. Фала му на Бога, сè е како што треба – кратко изјавил Којиќ.
Да потсетиме, Игор неодамна првпат се појави во јавноста со својата бремена сопруга, кога под елегантниот бел фустан јасно се забележуваше нејзиниот труднички стомак.
foto: printscreen/instgaram/igorkojic




