Од љубов кон работата никнува силата. Тоа е мотото на местото кое ја трансформираше уредничката на информативната програма и ТВ Дневникот на Сител, новинарката Славица Цаци Арсова. Само што од пуста љубов кон нејзината работа, која во најголем случај е седечка, покрај компјутерот и зад ТВ пултот, телото трпи мака, а со тек на годините и промени. Потоа може да биде доцна за поправка, зашто ако навреме не се избалансираат работите, отиде здравјето во неповрат… по ѓаволите!

Дали од овие, здравствениве, дали од естетски причини, или можеби заради обете, евидентно е дека Цаци не е повеќе истата. Со голо око се гледа дека последнава година е евидентно ослабена, па и освежена, не само заради козметичките промени, туку и заради истанчената вита става и лик кои претходно и беа побуцкасти.

До душа најпрвин уште пред две-три години нејзиниот сопруг и колега, Александар Спасовски – „Сарма“ ставата ја преобрази во манекенска, а сега по него и неговата понежна половина – приватно, а посилна – професионално, со оглед на тоа дека во редкација (му) е уредник!

И веројатно многумина ТВ гледачи оддамна се запрашале како тоа Цаци успеа „да се стопи“, истенчи и разубави, иако вистинското прашање е не како, туку каде?
Иако не е позната по секојдневно споделување фотографии, особено не многу од приватноста, на Инстаграм осамна едно клипче од Славица Арсова каква не сте ја виделе досега!

Цаци во тотално поинакво издание од она на ТВ Дневникот на Сител.

Во тесни хеланки и спортски топ Цаци секогаш насмеана и расположена за тренинг. Исто како пред камерите за ТВ Дневник… Или во овој случај и не баш до крај?

Додека онака насмеана го тегне ластикот на справата и се извива лево -десно, правјќи клекни – стани на колена како најсоодветна инфлуенсерка за реклама на Јака фитнес програмата, Цаци не издржа „да не пукне од смеа“, зашто и самата не е навикната на ваква улога! И ова го правеше исто така пред камера, ама… сепак не е исто!
Во професијата е врвна политичка новинарка и ТВ презентерка, ама некако за инфлуенсерка… Снимањето не и беше баш по мерка! И подобро, зашто и онака АВАМУ ќе почне да им наплаќа процент од објавите на инфлуенсер(к)ите. Она што е најважно, ефектот од фитнес програмата оддамна веќе го почувствува и таа самата, а го виде целата јавност.

Впрочем, сликата е кристално чиста, Цаци денес изгледа како за на модна писта!

Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм/slavicaarsova





