Познатата ТВ водителката, инфлуенсерка и македонска убавица Марјана Станојковска ја разбуди фантазијата на фановите со своите неодамнешни фотографии кои ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна.

Во една од нив, таа заводливо позира седејќи на маса, облечена во мрежести црни хулахопки што ја истакнуваат нејзината витка силуета, во комбинација со драматични црни високи потпетици.

Овој смел и секси стил потсетува на нејзините претходни појави со мини здолништа и чорапи, кои секогаш предизвикуваат бура од восхитување. Фановите и овој пат веднаш реагираа со коментари полни со емотикони и пофалби за нејзиниот тренди изглед.

Потоа Марјана го надоврза стилот со елегантен фустан украсен со црвена машничка, посветен на православната Нова година. Во објавата од 13 јануари оваа година, таа им посака на следбениците здравје, љубов и среќа, спојувајќи го традиционален шарм со модерниот.

Со овој фустан таа совршено ја нагласи нејзината елеганција, кој за неа очигледно, беше идеален за празничните прослави.
Инаку, Марјана постојано предизвикува со фотографии, што многумина тоа го сметаат за одлична промоција, а нејзините следбеници имаат можност да видат многу нејзини објави.
Foto: print screen/Instagram/marjanamay






