Радио Милева топли моменти

Марко Новески и близначињата на снежна прошетка – Вања и Веда го освоија Инстаграм

Марко Новески и близначињата на снежна прошетка – Вања и Веда го освоија Инстаграм

Познатиот македонски водител Марко Новески, попознат како „Дај побрзај“, кој пред две години стана татко на близнаците Вања и Веда, сега ја освои јавноста со најновата објава на Инстаграм.

Марко, заедно со сопругата Цена Плавевска, го искористија снежниот викенд за да ги израдуваат малечките и да им подарат незаборавни моменти, да уживаат во зимската магија.


На фотографиите, близначињата позираат во топла облека, со насмевки додека се радуваат на снегот. Нежните моменти меѓу нив веднаш предизвикаа бура од позитивни реакции кај следбениците – коментари полни со срца, „Прекраснотии!“, „Безгрижно да растат!“, „Медени“, „Колачиња“.

Марко сними и видео од овие слатки мигови за убав спомен од новата година, со опис: „Веда и Вања и првото снегче оваа година“.
Објавата за миг се наполни со лајкови и коментари, додека семејството уживаше на свеж воздух.

Новески редовно споделува вакви топли моменти од животот со близнаците Вања и Веда. Тој се ожени со Цена во август 2021 година, а дечињата ги добија во април 2024-та, па продолжија да ја инспирираат публиката со својата среќна и авантуристичка родителинска приказна.

Foto: printscreen/instagram/marko_noveski

To top