Овој магичен период од годината, Сузана Турунџиева има дополнителен повод за радост. На вториот ден на Божиќ, нејзината помала ќерка Матеа полни 17 години, па славата кај неа е уште поголема.
Познатата македонска пејачка, водителка и писателка не пропушти да го сподели овој убав момент на социјалните мрежи.
Таа објави преубави фотографии од ќерката и ѝ посака среќен роденден со топла порака:
„Среќен роденден, љубов моја!“
Инаку, Сузана има две прекрасни наследнички. Покрај 17-годишната Матеа, таа е мајка и на 25-годишната Лора, родена од бракот со поранешниот сопруг Александар Маленко.Честитки за Матеа од сите обожаватели на Сузе
Фото: printscreen//Instagram/Suzana Turundzieva







