Познатата македонска фолк пејачка Сузана Гавазова ја испрати старата и ја дочека 2026-та работно.
Имено, Гавазова настапи за дочекот на Новата во Хотел Либеро во Делчево, а таму настапи заедно со групата Круна.

Сепак, фолкерката на посебен начин им го честиташе почетокот на годината на следбениците.
Пејачката на Инстаграм објави семејна фотографија со сопругот Јасмин Курузовиќ и ќерките Елени и Селена, а во описот напиша топла честитката:
– Среќна Нова година од фамилија Курузовиц!
На сите наши драги роднини, пријатели и обожаватели им посакуваме многу здравје, љубов, мир и благосостојба. Нека Новата година ви донесе радосни моменти, семејна топлина и исполнети соништа.

Инаку, пред лудата ноќ, Сузана имаше настапи пред дијаспората во САД, како во Чикаго, но главниот новогодишен настап беше во Делчево.

Среќна Нова 2026 – та и за Сузана и за сите нас!
Foto: print screen/Instagram/suzanagavazova






