Само неколку часа не делат од Новата 2026-та, кога на полноќ ќе си посакаме посреќна иднина. Новогодишните честитки до најблиските, полни со желби за исполнување на соништа, се насекаде – а најмногу се слушаат преку социјалните мрежи.
Така, познатите личности, веќе почнаа јавно да ги испраќаат пораките. Една од нив беше и македонската пејачка Теа Трајковска, која ја сумираше годината што изминува.

Теа секогаш знае да го привлече вниманието на следбениците – со трансформациите на изгледот, а овој пат и со длабоката порака која ја напиша на Инстаграм.

„Ако треба да ја опишам 2025 на кратко, би кажала само тежок надреализам. Ми се случија и проживеав работи кои не ги посакувам на никој. Од друга страна сакам да ја гледам како длабоко трансформативно и просветлувачко искуство кое ептен ме промени и ме направи најсилната верзија на себе, не затоа што сакав да станам туку затоа што морав. Преблагодарна на Бог за луѓето околу мене, за моето семејство и пријателите и за музиката која ми дава живот, сила и можност да излезе нешто убаво и од најтешките моменти.
Ако можам нешто да кажам како за крај на декември, тоа е: Не трошете време. Ни секунда правејќи или работејќи нешто што не го сакате. Ни секунда покрај некој што не го сакате. И ни секунда живеејќи за туѓи очекувања наместо за себе и својата среќа. Затоа што изгледа дека никој од нас не знае колку време ни е дадено тука. А во 2026та иде албум кој го спремаме веќе подолг период, во кој ќе раскажеме многу искрено многу мои приказни, а првата песна пристигнува за мнооогу брзо. The only way from here is up “ , напиша Теа.
View this post on Instagram
Следбениците веднаш реагираа со коментари, комплименти и срциња, поддржувајќи ја и согласувајќи се со неа, па се надеваме дека 2026-та ќе биде полесна и посветла!
Foto: printscreen/Instаgram/theatrajkovska




