Се ближи Нова година, а македонските пејачки го најавуваат тој моменти и преку гардероба што директно потсетува на најлудата ноќ од годината. Тие внимателно ги одбираат фустаните – смели, блескави и полни со празнична енергија.
Една од нив е и Македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова, која моментално е на турнеја низ Америка и ги забавува нашите иселеници.

Од далечната Америка, преку своите Инстаграм објави, Сузе повторно го освои вниманието на фановите во Македонија.

Овој пат, таа буквално ги „запали“ сите со црвениот проѕирен фустан што изгледаше како извлечено од модно списание, а на присутните со сигурност тешко им било да го тргнат погледот од неа.

Таа повторно почести со провокативно издание каде на споменатата креација имаше длабоко деколте, кое доволно ги истакна бујните гради на Гавазова.

Тесниот крој идеално ја истакнуваше нејзината фигура, отвореното деколте додаде доза на сензуалност, а долниот полупроѕирен дел создаваше илузија на црвено боди. Со ова издание, Гавазова повторно ги освои сите – никого не остави рамнодушен!
Foto: print screen/Instagram/suzanagavazova






