Радио Милева роденденско-еротска пасторала

Љупка Митрова за појадок и вечера: Струмичката бренд сопственичка му славеше монденско-еротски роденден на сопругот во Атина!

Љупка Митрова за појадок и вечера: Струмичката бренд сопственичка му славеше монденско-еротски роденден на сопругот во Атина!

Еден од најголемите верски празници, Божиќ по Грегоријанскиот календар меѓу останатите слават и нашите јужни соседи – Грците, ама тие денови и некој друг го искористи големиот празник за да го прослави роденденот. Или поточно заедно да го прослават струмичката трендсетерка, модел и бренд сопственичка Љупка Митрова и нејзиниот тазе сопруг Ѓорѓи, кому всушност и му беше роденден.

Денот што го чекаме цела година вљубените гулапчиња го прославија на познатата дестинација во која се толку често, како да се дома. Грција и нејзината престолнина Атина, каде овој пат Љупка и нејзината посилна половина отседнале во можеби напознатиот хотел, лоциран спроти грчкиот парламент, на плоштадот Синтагма.

Луксузот, гламурот и екстраваганцијата и овој пат не им недостасуваа, зашто веќе навикнавме да ги гледаме во најможните скапи изданија на која и дестинација да патуваат.

Ако некогаш немала ни за корка леб, како што самата раскажа и се исповеда во поткаст кај Сергеј Варошлија, сега Љупка Митрова ужива за сите пари во невиден луксуз со сите нишани. Десетици илјади евра за само неколку дена раскош за душата на расната струмичанка и нејзината посилна половина.

Екстравагантни јадења, филети екстра морска риба, школки, ракчиња, скапи вина  и дополнителна убавина во погледот на античката Атина, ама и во прегратките на љубовта, која како што налагаат редот на нештата, потоа  редовно завршува и во прегратките на страста.

Од тимот на новата бренд – фирма на сексапилната сопруга, славеникот на подарок добил инспитративна уметничка слика токму со неа, со Љупка… А од неа, многу извесно го добил и „најсочниот подарок“ – самата неа!

А, кога Љупка дарува, воопшто очигледно е дека не (се) штеди…

Топол туш, црвена долна облека и… „Љупка за појадок“!

Од сладок сон во уште послатка возбуда, со утринско кафе за пауза!

Но, славеничкиот ден туку што започнал, па прекрасното сончево време греота е да пропадне без прошетка по грчката престолнина.

А, штом денот замине и ноќта осамне, романтична вечера во еден од најелитните ресторани со префинета храна и скапо сортно вино за двајцата вљубени – славеникот и неговата расна сопруга.

Но, тоа не е се’, зашто она највозбудливото и најслаткото или ако повеќе сакате, „вечера по вечерата“ – допрва доаѓа!

А, на еротското мени, само една единствена понуда… Една ама вредна… и врвна! „Љупка за вечера“ во црна секси долна облека, во танга гаќички длабоко потонати во убавата цврста заоблена задница, со жартиери и свилени чорапи, како најсладок роденденски подарок за славеникот!

Со голи гради во бањата, затскриени зад завесата, како расна ждребица подготвена да му ги исполни сите еротски желби и да го дарува својот „пастув“ со најсладок дар што ќе го одведе до небесата!

Фото: Инстаграм/ ljupka_mitrova

 

 

 

 

To top