Младата актерка Теодора Бјелица, ќерка на познатата актерка Гордана Бјелица, и нејзиниот сопруг, хрватскиот фудбалер Карло Мухар, наскоро ќе станат родители.
Двојката, која минатата година го кажа судбоносното „да“ на тајна свадба, сега со нетрпение го очекува доаѓањето на своето бебе.

Иако е позната по дискретен приватен живот, таа го привлече вниманието на јавноста кога ги откри деталите од нејзината свадба со Карл Мухар.
Нивната љубовна приказна, која ги спојува светот на уметноста и спортот, сега добива нова димензија со доаѓањето на бебе, кое ги израдува нивните обожаватели и семејство.

Теодора и Карло се венчаа на 19 март 2022 година на тајна церемонија, далеку од очите на јавноста.
View this post on Instagram
Само еден месец подоцна, актерката сподели фотографии од свадбата на социјалните мрежи, со емотивни моменти како пеење заедно на „Marry You“ од Бруно Марс во автомобилот.
фото:Instagram printscreen/teodorabjelica





