Живот и стил

Француска салата со сирење и ореви

Француска салата со сирење и ореви

Оваа француска салата е богата, и кремаста. Идеална е како предјадење или како прилог на свечена трпеза. Брзо се подготвува, а комбинацијата од сирење, павлака и ореви ѝ дава полн и изразен вкус.

Состојки:

500 грама кравјо сирење
2 кисели павлаки (по 180 грама)
500 грама шунка
500 грама свежи краставици
300 грама сечкани ореви
2–3 чешниња лук
Сол по вкус (внимавајте, бидејќи сирењето е веќе солено)

Подготовка:

Сирењето убаво изгмечете го со вилушка, па додајте ги киселите павлаки и добро измешајте додека да добиете кремаста смеса.
Исечкајте ја шунката и свежите краставици на ситни коцки и додајте ги во смесата. Потоа додајте ги сечканите ореви и ситно исечканиот или изгмечен лук. Сѐ убаво измешајте. По желба, одозгора посипете уште малку сечкани ореви за декорација. Салатата е подготвена за послужување.

извор:курир.мк
фото:Freepik

To top