Пејачката Марија Шерифовиќ објави фотографија со мускулест маж и напиша дека ја обновиле својата романса по седум години.
Марија Шерифовиќ го крие својот љубовен живот од очите на јавноста, но сега направи мала драма преку социјалните мрежи.
Пејачката направи селфи со мускулестиот маж, а потоа додаде опис што ги изненади сите.
Таа го објави селфито со згодниот дечко и напиша: „По 7 години ја обновивме нашата романса“.

Дотичната личност е личниот тренер Митар, и нема сомнение дека ова обновување на „романсата“ се однесува на повторното започнување со тренинзи од страна на Марија.
Foto: Instagram.com/serifovic







