Пејачката Ана Бекута остро реагираше на стајлингот на една од натпреварувачките во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и ѝ порача да внимава што носи. Ана Бекута, која неодамна ја тужеше својата колешка за брутални навреди, важи за многу строга членка на жирито, а во последната емисија го оправда епитетот „опасна“ жена.
Пејачката ја критикуваше кандидатката Анѓела Милосављевиќ за местењето на својот стајлинг за време на изведбата на песната.

„Беше со мене во последното коло и си прекрасно девојче, следниот пат треба да носиш поудобен костим, односно костим што нема да ти пречи во пеењето. Постојано ги местеше прерамките…“, рече Бекута.
Александар Милиќ Мили веднаш интервенираше за да ја одбрани младата пејачка.
„Па, тоа беше премногу убаво. Тоа е креативен чин“, рече Мили.
Сепак, Ана остана на својот став:
„Не може, тоа и го одвлекува вниманието. Ја местеше косата… Ја одвлекува од пеењето. Затоа, облечи костим што те прави да се чувствуваш добро и совршено“, беше јасна Ана.

Потоа Мили ѝ кажа на Анѓела дека може да дојде во костим за капење ако сака, но Бекута не се согласи.

„Остави ја Мили на мира, слушај ме што ти кажувам. Не можеш да носиш костим за капење, јас нема да гласам за костим за капење на сцената“, беше експлицитна Ана.
Foto: youtube printscreen/Zvezde Granda







